Пенкало Алатка Алатка

Од GeoGebra Manual
Прејди на: содржини, барај
Accessories dictionary.png
Оваа страница е дел од официјалниот прирачник за принтање и pdf. Од структурски причини обични корисници не можат да ја изменат оваа страница. Ако сте пронашле некои грешки ве молиме конаткирајте не.Оди до веризја која може да биде изменета од корисници

Пенкало алатката му овозможува на корисникот да додаде со слободна рака белешки и цртежи во Графички поглед. Ова ја прави Пенкало алатката особено корисна кога се користи Геогебра за презентации или со мултимедијални интерактивни табли. За да додадете со слободна рака белешкa кон избраниот регион во Графички поглед, треба прво да се нацрта правоаголник со Поместување Алатка, или прво да се избере постоечка слика за да се нацрта во неа. За да се заврши, изберете друга алатка.

Геогебра ги чува белешките што ги имате проследено во Графички поглед како слика, така што можете да правите било каква операција врз сликата (поместување, ротација, бришење, итн.).

Стандардната боја на пенкало е црна, но може да ги менувате својствата на пенкалото (боја, стил, и дебелина) со користење на Styling Bar, со избор на првата мала икона прикажана на Graphics View bar.

Бришење

За да избришете дел од вашите белешки создадени во Графички поглед со Пенкало алатката, притиснете го и држете го десното копче на глушецот додека се движите по белешките кои сакате да ги избришете. Бришењето е завршено кога ќе го ослободите копчето на глушецот.
Со цел да се избрише слика која е сместена таму каде што се чуваат цртежи со слободна рака, активирајте го прикажувањето на Помошни Објекти во Алгебарски поглед. Таму ќе го најдете името на сликата, на пример, Pic1. Десен клик на името на сликата, потоа изберете Delete од појавувачкото контекстното мени.

© 2024 International GeoGebra Institute