Булова вредност

Од GeoGebra Manual
Прејди на: содржини, барај
Accessories dictionary.png
Оваа страница е дел од официјалниот прирачник за принтање и pdf. Од структурски причини обични корисници не можат да ја изменат оваа страница. Ако сте пронашле некои грешки ве молиме конаткирајте не.Оди до веризја која може да биде изменета од корисници


Можете да користете променливи со Буловите вредности true за „вистинит“ и false за „невистинит“ во Геогебра. На пример, куцајте a = true или b = false во Поле за внес и притискајте ентер.

Поле за чекирање и стрелки тастери

Булова променлива како слободен објект може да се прикаже како Поле за чекирање во Графички поглед (види ја алатката Tool Check Box to Show Hide Objects.gifПоле за чекирање за прикажување/скривање објекти Алатка). Во Алгебарскиот поглед се менува вредноста на Булова променлива користејќи ги стрелки тастери. (види го одделот Анимација).

Забелешка: Можете да Булови променливи како броеви (број 0 за „невистинит“ или број 1 за „вистинит“). Вака можете да го користете Буловата вредност на поле за чекирање како динамичката брзина на анимиран лизгач со што можете преку полето да ја стартувате и ја паузирате анимацијата.

Оператори

Можете да ги користете следните оператори со Булови променливи и услови во Геогебра, избирајќи ги ос листата на крајот на Полето за внес или внесувајќи ги со тастатурата:

Оператор англиски Список Тастатура Пример Тип објекти
Еднаквост Equal == a ≟ b or a == b броеви, точки, прави, конусни пресеци a, b
Нееднаквост Unequal != a ≠ b or a != b броеви, точки, прави, конусни пресеци a, b
Помало од Less than < < a < b броеви a, b
Поголемо од Greater than > > a > b броеви a, b
Помало или еднакво на Less or equal than <= a ≤ b or a <= b броеви a, b
Поголемо или еднакво на Greater or equal than >= a ≥ b or a >= b броеви a, b
Логички „и“ And && a ∧ b or a && b Булови a, b
Логички „или“ Or || a ∨ b or a || b Булови a, b
Негација Not ¬ ! ¬a or !a Булов a
Логички „е паралелно со“ Parallel a ∥ b прави a, b
Логички „е нормално со“ Perpendicular a ⊥ b прави a, b
Логички „е елемент на“ Belongs to a ∈ list1 број a, листа на броеви листа1
© 2018 International GeoGebra Institute